• Мартин Танасковски
Екипата на ТФТ ја заврши годината со важна победа во АБА-2 лигата. Тафталиџани беа подобри на гостувањето кај Борац во Бања Лука, а тренерот Боро Смилковски им честита на играчите за постигнатиот резултат.
„Многу сме среќни затоа што успеавме да победиме во последниот меч во оваа календарска година, на терен каде многу екипи не успеале да остварат триумф. Мислам дека нашата поголема ротација пресуди и фактот дека покажавме поголема енергија во второто полувреме на натпреварот“, изјави тренерот на ТФТ по мечот.
ТФТ Скопје сега има учинок од три победи и два порази, а во следното коло ќе ги одмери силите со екипата на Слобода Тузла. Овој натпревар ќе се одигра на 21 јануари.






