Стојановски: Овој пат со сите сили и фокусирано ќе влеземе против Херцеговац

Кошаркарите на ТФТ Скопје го очекува нов предизвик во АБА 2 лигата. Македонскиот претставник во второто коло ќе се соочи со екипата на Херцеговац, а во пресрет на натпреварот тренерот Боро Смилковски и кошаркарот Тома Стојановски ги споделија своите очекувања.

Свесен за важноста на натпреварот е и Стојановски, кој очекува поинакво издание на скопскиот тим во однос на првото коло, кога ТФТ настапи без странските кошаркари.

„Во првото коло, поради отсуството на странските играчи, не можевме да покажеме што имаме подготвено за ова натпреварување. Овој пат со сите сили и фокусирано ќе влеземе во натпреварот. Се надевам на добра игра од наша страна и посакуваме да ја оствариме првата победа оваа сезона во АБА 2 лигата“, порача Стојановски.

Натпреварот меѓу Херцеговац и ТФТ Скопје се игра денеска, со почеток од 18:00 часот.