• Мартин Танасковски
Кошаркарите на ТФТ Скопје одиграа добар прв полуфинален натпревар во плеј-офот на АБА 2 лигата, испишувајќи нов историски резултат со победата кај Сутјеска со конечни 88-93. Скопскиот состав прикажа феноменална игра во првото полувреме, создавајќи голема предност од 18 поени на паузата, но потоа падна во ритамот и му дозволи на ривалот да се доближи на поприфатлива разлика.
Тренерот Боро Смилковски затоа предупредува дека ништо не е готово и потенцира дека мора да се биде максимално внимателен на втората средба.
„Сакам да им се заблагодарам на Сутјеска и на целата организација за нивното гостопримство. Што се однесува до играта, ова е фантастичен резултат. Игравме против исклучително добар тим. Првото полувреме беше одлучувачко, каде што игравме маестрално. Имавме 16 асистенции, над 50 поени, над 20 поени во транзиција. Влеговме добро во играта, пристапот беше добар и можеби тоа беше клучот.
Се очекуваше Сутјеска да се обиде да се врати во второто полувреме и да покаже квалитет. Успеавме, иако имавме проблеми со фаулите. Губевме со 1-0 против Златибор, а во вториот натпревар бевме 19 поени зад нив. Оваа серија не е завршена. Добро е да се биде на табелата денес, но мора да се подготвиме за следниот натпревар што е можно поскоро. Сигурен сум дека Сутјеска ќе направи сè.“, изјави Смилковски.
Вториот натпревар меѓу овие ривали ќе се одигра на 15 април, а доколку има потреба од мајсторка, таа ќе се одигра седум дена подоцна.


