• Иван Димовски

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години се собра во СРЦ „Кале“ и го одржа првиот тренинг пред настапот на Евробаскетот во полскиот град Гдиња.
Селекторот Боро Смилковски ги свика своите избраници и означи старт на подготовките кои ќе траат нешто повеќе од еден месец. Младинците на Македонија ќе се припремаат за натпреварите против Шпанија, Турција и Белгија, селекции кои се во нашата група на континенталниот собир.
Смилковски на првиот собир повика 24 кошаркари од кои ќе ги одбере патниците на финалниот турнир.
Инаку, Македонија за оваа година избори пласман во А-дивизијата на Европското првенство, откако минатото лето во Скопје заврши второпласирана на Евробаскетот Б-дивизија. Тогаш во финалето нашите млади кошаркари загубија од фаворитот Чешка.





