• Мартин Танасковски

ТФТ Mozzart со поразот од Горица (83-64) ги загуби шансите за пласман во плеј-офот во АБА-2 лигата, а до крајот има уште два меча, за кои тренерот Боро Смилковски најави дека ќе се одиграат чесно, а потоа тимот ќе се насочи кон домашните предизвици.
„Горица беше подобар противник. Ние одигравме без енергија очајни пет минути и тоа беше еден од клучните фактори за поразот. На, нас е чесно да ги одиграме следните два меча, па да ќе се насочиме кон домашното првенство, преку кое ќе се обидеме повторно и следната сезона да обезбедиме пласман во АБА конкуренцијата“, изјави Смилковски.
Во АБА-2 лигата, ТФТ го чекаат уште два натпревари против Борац и Хелиос Санс. Потоа следи борба за високите позиции на табелата пре влезот во плеј-офот каде ќе се разигрува за титулата.