ВИДЕО: Смарт и Хорфорд се вратија, Бостон израмни и убедливо го освои Мајами

Бостон

Источното конференциско финале донесе две убедливи победи за секоја екипа. Бостон Селтикс го возврати удари и успеа да го добие вториот натпревар на гостувањето кај Мајами Хит (102-127).

Во серијата за првпат се појавија Маркус Смарт и Ал Хорфорд, кои беа повредени за време на првата средба. Тоа Селтикси го искористија за да израмнат и да одиграат убедлив натпревар на Флорида.

Првото полувреме беше клучно за славјето на гостинската екипа. Предноста на Бостон порасна на највисоки +22 и остана идентична по вториот дел. Џими Батлер доцна се разбуди и одигра солидно второ полувреме, но не успеа да ја врати неизвесноста во натпреварот.

Џејсон Татум беше најзаслужен за победата со 27 поени, а по 24 запишаа Смарт и Браун. Кај домашниот тим Батлер се истакна со 29 поени. Серијата сега се префрла во Бостон, каде се играат следните два натпревари.