Слукас се надоврза на низата заминувања, Фенер остана без својот плејмејкер

Слукас

Гркот Костас Слукас ја заврши соработката со Фенербахче. Овој потег сите го очекуваа, а тој е еден од низата заминувања кои се случија во редовите на турскиот гигант.

30-годишникот беше дел од тимот од Истанбул цели пет години. Од ова лето има слобода да бара нова средина, а со оглед на квалитетите кои ги поседува, сигурно дека нема да има проблеми да ја пронајде.

Грчкиот плејмерјкер ќе биде достапен на пазарот и ќе предизвика голема борба на европските гиганти. Трикратниот првак во Евролигата важи за еден од најдобрите европски кошаркари на денешницата со големо искуство позади себе.

Жељко Обрадовиќ беше голем миленик на неговата игра. Доволно кажуваат бројките кои ги запишуваше Слукас за време на заедничката соработка со српскиот тренер. Најгласни се шпекулациите дека репрезентативецот на Грција ќе ја продолжи кариерата во Олимпијакос.