Слукас по пет успешни сезони во Истанбул, се враќа во Олимпијакос

По пет години во Турција и настапи во Фенербахче, Костас Слукас се враќа во Олимпијакос каде се проби и прослави. Се очекува плејмејкерот да потпише три годишен договор, а официјализацијата треба да биде во наредните денови. 

Слукас ја започна кариерата во Пиреја каде настапуваше седум години од 2008 до 2015, од каде мина кратка позајмица во Арис, а во 2015 замина во Истанбул. Во Фенер, Слукас беше соиграч со претеседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, а заедно стигнаа до титулата во Евролигата. 

30-годишникот во минатата сезона бележеше просек од 11,6 поени, 6,1 асистенција и 2,9 скокови по меч. Олимпијакос се потруди да направи респектабилен тим за следната година, па ги задржа Принтезис, Спанулис и Везенков, а потпиша уште со Мартин, Жан Чарлс, Ларентзакис, Џенкинс и Харисон покрај Слукас.