• Горан Упале

Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос цели десет години го чека новиот трофеј во Евролигата. Тимот од Пиреја во последната декада помина низ сè, но никакош како не сега не бил поблиску до ново славје во европската кошаркарска елита.
Големото финале кое што ќе се игра во Каунас го најави еден од најдобрите кошаркари на Олимпијакос, Костас Слукас.
„Од август мината година почнавме да размислуваме за финалето и еве сме тука во завршниот натпревар. Патот не беше лесен и се наоѓаме на 40 минути до титулата. Ќе се бориме за секоја топка за да дојдеме до европската круна“, вели Слукас.
Во полуфиналето Олимпијакос го скрши Монако, додека Реал Мадрид славеше над лутиот ривал Барселона.