Слукас нема да прифати да игра на ОИ: Морално не е коректно...

Грчкиот кошаркар Костас Слукас зборуваше за својата иднина во репрезентацијата по пласманот на Олимписките игри. Искусниот ас на Панатинаикос не беше дел од квалификациите, а по изборената олимписка виза доби прашање дали би играл. 

Слукас откри дека селекторот Василис Спанулис веќе го контактирал, но морално не е исправно да игра за Грција на Олимписките игри.

„За мене никогаш не е морално коректно, не е во ред. Јас ќе се одмарам, а некој ќе се поти за да постигне нешто за националниот тим. Селекторотт ме праша дали би се вратил во репрезентацијата, но му одговорив дека нема шанси да играм на Олимписките игри, а претходно не бев дел од квалификациите. 

Олимписките игри беа сон, па видете го Јанис Адетокумбо кој беше во солзи, се ежам додека зборувам. Тој што освои сè што може така реагираше, нереално е. Цената е превисока. Секако дека ми е жал што нема да играм во Париз“, изјави Слукас.

Грците во Париз ќе играат во групата А со Австралија, Канада и Шпанија.