Слукас ќе патува за Кина, но ќе биде неизвесен за настап на СП

Првиот плејмејкер на грчката репрезентација Костас Слукас ќе биде дел од експедицијата за Светското првенство во Кина.

Тој се повреди на дуелот со Италија во рамки од подготовките и нема „зелено светло“ за настап од лекарскиот тим. Селекторот Танасис Скортополус потврди дека 29-годишникот ќе патува со репрезентацијата, но се уште не знае дали ќе го има на располагање..

„Слукас ќе се упати кон Нанџинг во вторник и ќе ни се придружи. Со оглед на тоа дека ќе пристигне во среда навечер, очекувам да биде на тренинг наредниот ден. По прегледот в понеделник, со сигурност ќе знаеме дали ќе игра“ , рече Скортополус.

Планетарниот собир е закажан за периодот од 31 август до 15 септември, а Грците ќе бидат во група со Нов Зеланд, Црна Гора и Бразил.