• Мартин Танасковски
Извршена е ждрепката за кошаркарските квалификации за Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои ќе се одржат во Париз. Има една навистина пеколна група, а таа е во грчка Атина, каде ќе се судрат квалитетни имиња.
Црногорците имаа среќа затоа што ќе играат на турнирот во Летонија и избегнаа пресметки со големи имиња од Европа, додека Словенија и Хрватска одат едни против други во Грција.
Порторико (Сан Хуан)
Група А: Литванија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска
Група Б: Порторико, Италија, Бахреин
Летонија (Рига)
Група А: Летонија, Грузија, Филипини
Група Б: Бразил, Црна Гора, Камерун
Грција (Атина)
Група А: Словенија, Нов Зеланд, Хрватска
Група Б: Грција, Доминиканска република, Египет
Место на ЛОИ веќе обезбедија Србија, Франција, Германија, САД, Канада, Јужен Судан, Јапонија и Австралија. Борбата за другите визи во Париз ќе се води од 2 до 7 јули. Победниците во групите патуваат на големиот настан.