Словенија сака да го организира Евробаскетот во 2021 година

Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Словенија, посакува да биде домаќин на наредниот Евробаскет во 2021 година.

ФИБА Европа ги објави сите седум кандидатури за домаќин на Европското првенство во 2021 година, а покрај Словенија, меѓу нив се и Чешка, Естонија, Германија, Грузија, Унгарија и Италија.

Бидејќи ниту една од понудите не е самостојна,од ФИБА потврдија дека групната фаза на следниот Евробаскет ќе се игра во четири земји, од кои една ќе биде домаќин на завршната фаза.

ФИБА Европа одлуката за тоа кои четири репрезентации ќе бидат домаќини, ќе ја донесе на состанокот во јули 2019 година.