Словенечките кошаркари по осум месеци ја добија ветената премија за златото од ЕП

Кошаркарскиот сојуз на Словенија едвај собра финансиски средства за да им ја исплати ветената премија на златните кошаркари! Горан Драгиќ, Лука Дончиќ и останатите чекаа дури осум месеци за да ги добијат ветените пари, а што е уште полошо станува збор за 10.000 евра што е двојно помалку од онаа премија што ја добија српските репрезентативци за второто место. 

Министерството за Спорт на Словенија учестуваваше во премијата со 67.000 евра, Кошаркарскиот Сојуз со 28.000, додека Олимпискиот Комитет на Словенија имаше удел со 67.000 евра.

Колку за споредба, Србите заработија премија од 20.000 евра, додека секој шпански кошаркар за бронзата доби околу 30.000 евра.