Словачка вторпат ја надигра Ирска во подготовките за претквалификациите за СП

Сениорската репрезентација на Словачка, еден од нашите противници на ФИБА претквалификациите за пласман на Мундобаскетот 2023 година, го одигра и вториот контролен натпревар во периодот на подготовките.

На вториот натпревар одигран во Даблин, Словачка беше уште еднаш подобра од Ирска, сега со уште поубедливи 85-76. Клучната предност гостите ја реализирале уште во првиот период кој го решиле во своја корист со 22-13.

Слично како и на првата проверка, Владимир Бродзијански бил прв стрелец во словачката селекција. Kрилото на Хувентуд реализирал 23 поени. А двоен број на поени имале уште четворица кошаркари, Ихринг и Крајцовиќ по 12, а Фушек и Паленик по 10 поени.

По ова гостување, Словачка патува за Порто, каде на 21 и 22 јули ќе игра против Португалија и Ангола.