Словачка не ја интересира кошарка, нема да има „лајвстрим“ од мечот со Македонија

Кошаркарската асоцијација на Словачка, против која денес ќе си ги одмериме силите во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021, сепак одлучи од меѓусебниот дуел да не врши „лајвстрим“ на YouTube каналот на ФИБА.

„За жал, нема да има пренос. За претквалификациите националните федерации не се обврзани да обезбедат стрим, каков што е и случајот со Словачка. Тие нема да прават никаков пренос на интернет од натпреварот. Денес ќе се емитува стрим само од натпреварот Албанија – Ерменија. Штета што нема да има пренос“, гласеше одговорот на ФИБА до МКФ. 

Натпреварот меѓу Словачка и Македонија кој започнува од 18.00 часот, ќе биде пренесуван во живо на овој линк.