Следи битката за титула: Кој со кого во плеј-офот во мак-баскетот?

По комплетирањето на регуларниот дел од сезоната во Првата лига и одигрувањето на сите 22 натпревари, следи битката за титула во која влегуваат осумте најдобри екипи во лигашкиот дел и вкрстуваат според систем.

Најдобра екипа во регуларниот дел беше битолски Пелистер, кој победи на 17, а загуби на 5 натпревари и заврши како апсолутен лидер, пред Еуро Никел, Работнички, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар, ТФТ и Академија ФМП.

  • Парови за плеј-офот во македонската кошарка:

Пелистер (1) - Академија ФМП (8)
Работнички (2) - ТФТ (7)
Еуро Никел (3) - Гостивар (6)
МЗТ Скопје (4) - Куманово (5)

  • Полуфинале:

Пелистер/Академија ФМП - МЗТ Скопје/Куманово
Работнички/ТФТ - Еуро Никел/Гостивар

Четвртфиналната серија се игра на две добиени, додека од полуфиналето, па натаму, сериите ќе се играат на три добиени.