Славниот Кокошков одби понуда од НБА-лигата и се враќа во Турција

Игор Кокошков, еден од најискусните европски кошаркарски тренери, наводно ја одбил понудата од НБА тимот Портланд Трејл Блејзерс за да се врати на клупата на турскиот гигант Анадолу Ефес, јавува BasketNews. Според извештаите, Кокошков бил блиску до трансфер во НБА, но сепак решил да ја прифати понудата на поранешниот шампион на Евролигата.

Оваа одлука доаѓа веднаш по официјалната разделба помеѓу Ефес и италијанскиот стратег Лука Банки, кој си замина по елиминацијата од Бешикташ во плејофот на домашното првенство. Кокошков, кој веќе има искуство во турската кошарка, се очекува да го преземе кормилото на тимот и да го врати на врвот на европската сцена.

Како што пренесува Meridian Sport, договорот меѓу Кокошков и Анадолу Ефес ќе биде со важност од три години. Со тоа, 52-годишниот стручњак повторно ќе добие шанса да ја демонстрира својата експертиза во елитната европска кошарка, откако веќе има остварено значајни успеси како селектор на Словенија и асистент во НБА.