• Саше Љолес
Управата на шпанскиот гигант Барселона пронајде решение за плејмејкерската позиција откако се повреди Николас Лапровитола.
Аргентинецот доживеа тешка повреда на лигаментите и за него е завршена сезоната, па затоа Барса мораше бргу да реагира и потпиша договор со Бразилецот Раул Нето, кој доаѓа од домашниот Пинеирос, каде бележеше просек од 16,8 поени и пет асистенции.
Нето има големо искуство и во кариерата играше во неколку НБА екипи како Јута, Филаделфија, Вашингтон и Кливленд, а нa стариот континент ги бранеше и боите на Фенербахче.
Се очекува 32-годишниот плејмејкер да биде солидно засилување за Каталонците и достојно да го замени Лапровитола на оваа позиција.