• Саше Љолес

Иако е кошаркар на Панатинаикос, Матијас Лесор е на „мета“ од НБА екипите, а деновиве се случи еден неочекуван потег на Њујорк Никс, кои решија правото за драфт на Французинот да го предадат на Милвоки Бакс.
Лесор во моментов е на рехабилитација од тешката повреда на стапалото, но по истекот на сезоната би можел да ги напушти „детелинките“ и да замине во Соединетите Американски Држави.
Милвоки е заинтересиран за неговите услуги и ништо чудно да го искористи правото на драфт следното лето, што значи дека Лесор ќе биде „прекомандуван“ во тимот на Јанис Адетокумбо.
Францускиот центар ја започна кариерата во Шалон, а потоа играше за Нантер, Црвена Звезда, Малага, Баерн Минхен, Монако, Макаби, Партизан и Панатинаикос.