• Зоран Мишевски

Еден од најдобрите кошаркари на Макаби Тел Авив, Скоти Вилбекин ја продолжи верноста со „гордоста на Израел“ за уште три години, како обострана доверба за соработката во тековната сезона.
Американскиот плејмејкер ќе остане во наредните три години во Тел Авив, иако имаше дилеми и понуди од други клубови.
Сепак, оние 4,5 милиони евра кои ги доби за тригодишен договор со „жолто-сините“ беа пресудни за конечната одлука. Поранешниот кошаркар на Дарушафака сезонава бележи по 16 поени и три асистенции по натпревар.
26-годишниот Американец во Европа го носеше дресот и на грчкиот АЕК од Атина.