Скоро цела Америка ги мрази Лејкерси, а во Калифорнија на врвот се Клиперси

ЛА Лејкерс

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс се наоѓа во одличен момент и е на врвот на Западната конференција. По подолго време, една од најуспешните франшизи во историјата на НБА лигата е меѓу фаворитите за шампионскиот прстен.

Почетокот на сезоната донесе и негативен статистички податок за „езерџиите“. Имено, една онлајн анкета покажа дека Лејкерси се најомразената екипа во САД, поточно во 34 држави.

Покрај нив на мапата се појавуваат Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс, а интересно, анкетата покажа дека Лос Анџелес Клиперс се најомразени во сопствената држава Калифорнија.

Двата тима од ЛА се на врвот меѓу фаворитите за шампионскиот прстен во тековната сезона.