„Скопје, Македонија, Крива Паланка“: Коментаторите „полудеа“ по тројка на Јакимовски (ВИДЕО)

Екипата на Вашингтон Стејт, каде што настапува македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски ноќва впиша голема победа во НЦАА лигата, откако по продолжението го совлада градскиот ривал Вашингтон (90-87).

Нашиот репрезентативец одново имаше забележителен настап, а по една негова неверојатна тројка со звукот на сирената ги „полуде“ коментаторите на преносот. 

Јакимовски натпреварот со Вашингтон гo заврши со 13 поени (три тројки), плус пет скока и четири асистенции.