• Иван Димовски

Луис Скола дефинитивно е најдобриот кошаркар во историјата на Аргентина, а денес на дуелот од четвртфиналето на Олимписките игри против Австралија, ги одигра последните минути во националниот дрес.
41-годишникот мина 25 минути на теренот во денешниот пораз, постигнувајќи седум поени и четири скокови. Скола во завршната минута беше повлечен од игра, со цел да биде испочитуван како што му доликува, а тој во солзи го напушти теренот.
- Емотивниот момент при повлекувањето на Скола:
Тој и соиграчите беа емотивни, некои плачеа, но моментот кој го привлече вниманието беше потегот на ривалите. Кошаркарите на Австралија застанаа и му дадоа стоечки овации на Скола, што дополнително ги зголеми емоциите.
Кариерата на Скопа започна во 1995 година, повеќе од две децении го носи националниот дрес, а во моментов е член на Варезе од Италија. Можеби ќе одигра уште некоја сезона на клупско ниво, но јасно е дека репрезентативната кариера на оваа легенда заврши.




