Скола: Мора да честитаме, Шпанија ја играше најдобрата кошарка на СП

Луис Скола на 39 години беше лидер на селекцијата на Аргентина, но, сепак, не успеа да се радува на златото затоа што во финалето на СП убедливо загуби од селекцијата на Шпанија.

Аргентинската ѕвезда по светскиот собир им честита на членовите на „фуријата“ и истакна дека златото е заслужено, затоа што Шпанија ја играла најдобрата кошарка на Мундијалот.

„Првото нешто што мораме да го направиме е да честитаме на Шпанија. Беа подобри од нас. Играа подобра кошарка. Тажни сме, но мора да продолжиме понатаму. Имавме две спектакуларни недели, ја игравме можеби најдобрата кошарка на турнирот, се до финалето. Потоа, дојде Шпанија и одигра најдобро. Така што, мора да им честитаме. Тие ја одиграа најдобрата кошарка на Мундијалот“, изјави Скола.

Шпанија во Кина го освои второто светско злато, прво по 2006 година.