ВИДЕО: Скола и Џинобили во братска прегратка лееја солзи радосници за финале

Ману Џинобили не беше играч на Аргентина на ова Светско првенство (СП) затоа што замина во пензија, но и тоа не го спречи да дојде и да навива за „гаучосите“ на светскиот кошаркарски собир во Кина.

Аргентина со сигурна победа над Франција дојде до финале, а прва виолина на теренот беше 39-годишниот Скола, кој заврши со „дабл-дабл“ учинок. На среќата на двајцата ветерани по сирената за крај на мечот ѝ немаше крај. Двајцата се гушкаа и лудо славеа

  • Моментот на емоции на Џинобили и Скола:

Аргентина ќе го игра третото финале во историјата на Светските првенства, а ќе го „лови“ второто злато. Ова е прв меч за титула за јужноамериканската селекција по 2002 година, кога загубија од Југославија на СП во САД.