Скола ги налути „гаучосите“: Не се чувствувам како Аргентинец

Легендарниот кошаркарски репрезентативец на Аргентина, Луис Скола и на 40 години не размислува за завршување на својата богата кариера. 

Кошаркарот на Олимпија Милано пред една година ја водеше својата селекција до историско сребро на Светското првенство во Кина, но со својата последна изјава ги налути кошаркарските фанови од татковината. 

Тој повеќе од 20 години живее надвор од Аргентина и затоа смета дека повеќе не се чувствува како „гаучос“.

„Не се чувствувам како Аргентинец дома, а не се чувствувам ниту на кое било друго место. Знам од каде доаѓам и никогаш нема да го заборавам тоа. Но, ми се случија многу нешта во животот и затоа тешко се снаоѓам на едно место. Почнувам да се чувствувам непријатно“, рече Скола.

Искусниот кошаркар, Аргентина ја напушти во 1998 година и во својата кариера настапуваше во Шпанија, Соединетите Американски Држави, Кина и Италија.