Скариоло: Моментално единствен фокус ни е Македонија

Скариоло

Шпанија ќе биде првиот противник на репрезентацијата на Македонија во рамки од квалификациите за Светското првенство.

Селекторот Серхио Скариоло пред гостувањето во Скопје рече дека ќе им даде шанса на сите кошаркари во наредните неколку натпревари.

„Моментално фокусот единствено ни е насочен кон Македонија, а потоа ќе мислиме за остатокот од квалификациите. Се наоѓаме во фаза на промена на генерации. Ќе се обидам да искористам повеќе играчи, за да им дадам до знаење дека во секој момент би можеле да добијат шанса на било кој натпревар“, изјави италијанскиот стратег.

Три ден по дуелот со Шпанците, македонската репрезентација ќе гостува во Киев кај Украина.