Скариоло ја селектира Шпанија за натпреварот против Македонија

Шпанија ќе биде еден од следните ривали на Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година, а селекторот Серџо Скариоло го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за дуелот со нашиот национален тим.

Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса) се повиканите за овој прозорец.

Исто така на подготовките ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација. Шпанија ќе се судри со Македонија прва, а потоа ќе игра надвор од својот дом против Грузија и Украина.

Дуелите се играат во првата седмица од месец јули.