Скариоло го скрати списокот, познати шпанските адути за Евробаскетот

Шпанскиот кошаркарски селектор Серџо Скариоло го скрати списокот за претстојниот Евробаскет. 

Во изборот на селекторот влегоа петнаесет имиња. Лидери на подмладената Шпанија се очекува да бидат браќата Хернангомез кои ќе бидат и капитени на тимот, тука ќе бидат и Ндијае и Алдама кои играат во НБА лигата.

  • Список на Шпанија за Евробаскетот:

Алберто Диаз, Серхио де Лареа, Марио Сент Супери, Дарио Бризуела, Хозеп Пуерто, Алберто Абалде, Жоел Пара, Чаби Лопез Аростеги, Санти Хуста, Хаиме Прадиља, Хуанчо Хернангомез, Санти Алдама, Ели Џон Ндијае, Вили Хернангомез, Јанкуба Сима

Шпанија се подготвува за настап на Евробаскетот каде што ќе игра во Кипар во групата Ц со Босна и Херцеговина, Италија, Кипар, Грција и Грузија. Овој еврошампионат ќе биде последен за Скариоло на шпанската клупа.