Скариоло без изненадувања, познат списокот на Шпанците за ОИ

Кошаркарската репрезентација на Шпанија се пласираше на Олимписките игри во Париз откако победи на квалификацискиот турнир во Валенсија

Непосредно по квалификацијата, селекторот Серџо Скариоло го соопшти списокот од 12 фудбалери на кои ќе смета на олимпискиот турнир. На него нема изненадувања и изборот е очекуван. 

  • Список на повикани кошаркари на Шпанија за Летните Олимписки Игри:

Руди Фернандес, Серхио Љуљ, Хуанчо Хернангомез, Вили Хернангомез, Алекс Абрињес, Дарио Бризуела, Чаби Лопес-Аростеги, Лоренцо Браун, Алберто Диас, Усман Гаруба, Хаиме Прадиља, Санти Алдама. 

Со репрезентацијата на Шпанија до заминувањето во Франција во втората половина на месецов ќе тренираат Хуан Нуњез и Жоел Пара. Кошаркарите добија мала пауза, а подготовките ги продолжуваат на 15 јули во Мадрид. 

На Олимписките игри Шпанците ќе играат во групата А со Австралија, Грција и Канада.