Скапо чинеа промашувањата на Пантер, Црвена Звезда го освои Купот

Кошаркарите на Црвена Звезда го одбранија трофејот во Купот Радивој Кораќ и по десетти пат ја освоија „левицата на Жучко“. Тие вечерва пред полните трибини на „Чаир“ во Ниш го совладаа Партизан со 85-79.

Првото полувреме помина во одлична игра од двете страни. Гледавме брза, течна, атрактивна кошарка и главно рамноправна борба, иако Партизан во најголем дел имаше блага резултатска предност.

Во изедначениот втор дел, Црвена Звезда ги искористи грешките на Кевин Пантер и се одлепи. Пантер промаши шут за израмнување, по што следеше серија на Црвена Звезда од 4-0 за 81-74, која се покажа потоа клучна за победата од 85-79.

Кај Црвена Звезда, Гедраитис постигна 17, Теодосиќ 16 а Боломбој 14 поеени. Во тимот Партиза најефикасни беа Ледеј со 24 и Пантер со 20 поен.  Ова е четврти пат по ред Црвена Звезда да го освојува трофејот од Купот во Ниш.