• Иван Димовски

Реал Мадрид славеше против Уникаха (90-77) во шпанското првенство, а овој натпревар го одбележа инцидент пред крајот.
Во битка под обрачите беа Серж Ибака и Дилан Осетковски. Тие во еден момент спортската борба ја заменија со неспортска и влегоа во клинч. Двајцата се затуркаа и завршија преку рекламите под кошот.
Брзата реакција на соиграчите кои ги одвоија спречи ескалација на ситуацијата.