Скандал во најава во НБА: Ленард потпишал со измамничка компанија за садење дрва

Американскиот новинар Пабло Торе објави ексклузивен извештај дека ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс, Кавај Ленард потпишал договор за спонзорство од 28 милиони долари со измамничка компанија за садење дрвја - компанија која, била финансирана од сопственикот на Клиперс, Стив Балмер, со цел да се заобиколи ограничувањето на платите.

Според сведочењето на поранешен вработен, Ленард имал таканаречена работа „без појавување“, што значи дека ги добил парите без никакви реални обврски кон компанијата „Аспирејшн“. Самото постоење на таков договор, доколку се потврди, би претставувало сериозно кршење на правилата на НБА.

Случајот е споредлив со скандалот од 2000 година, кога Минесота Тимбервулвс загубија три пика од првата рунда на драфтот поради обид да го заобиколат ограничувањето на платите во нивниот договор со Џо Смит.

Досега, ниту Леонард, ниту Клиперс, ниту Балмер официјално не ги коментираа обвинувањата. Сепак, доколку деталите се потврдат, лигата би можела да започне истрага и да воведе сериозни санкции – од казни до губење на драфт пиковите.