• Иван Димовски

Кошаркарите на Златибор загубија на гостувањето во Подгорица (113-89) во првиот четвртфинален меч од АБА2 лигата.
На паркетот во Црна Гора беше бурно, а тренерот Страјин Недовиќ откри шокантни информации. Имено, тој го обвини асот на Подгорица, Милутин Ѓукановиќ дека сакал да повреди кошаркар на Златибор намерно.
„Одличната игра на една млада екипа падна во втор план благодарение на играчот на Подгорица, Милутин Ѓукановиќ. Тој со намера во текот на мечот сакаше да повреди наш кошаркар, кој веќе имаше повреда на истата рака.
По мечот тој се закануваше и го пцуеше целиот наш тим во ходникот. Тоа е брука и срамота, барам од АБА да реагира, а тоа го пријавив и кај делегатот“, кажа Недовиќ.
Реваншот во Златибор се игра на 16 април, а домашната екипа ќе брка убедлива негатива.