ФОТО: „Сити Парк Бојс“ со пиротехничко шоу го испратија Работнички за Русија

Екипата на Работнички по повеќе од една деценија ќе игра повторно во Европа, а навивачката група на клубот, „Сити Парк Бојс“ ги испрати кошаркарите за Русија каде се игра првиот натпревар од првото коло на Европа купот.

Противник на центарци ќе биде руска Парма од Перм, а „Бојсите“ се појавија во салата „Градски парк“ на последниот тренинг на тимот на Докузовски и на кошаркарите им посакаа среќа во европскиот предизвик.

Натпреварот во Перм меѓу Парма и Работнички се игра на 20 септември, додека реваншот во Скопје кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан за 27 септември.