• Мартин Танасковски

На натпреварот од Суперлигата помеѓу Работнички и Тиквеш, навивачите на домашниот тим, „Сити Парк Бојс“, испратија патриотска порака.
На трибната на популарните „бојси“ стоеше „Од Вардар, Пирин до Солум, име ѝ е Македонија“, а истакнато беше и сонцето од Кутлеш.
Навивачите на Работнички со овој потег им се приклучија на најлутите ривали Фемили Аеродром, кои на мечот против грчки Ираклис во Европа Купот имаа парола посветена на Македонија, а Грците најавија жалба и бараат казна.








