• Иван Димовски
Навивачката група на Работнички, „Сити Парк Бојс“ преку официјално соопштение го изнесе својот гнев кон нетранспарентноста на управата. Центарци се незадоволни од работата на лицата кои го водат клубот и сметаат дека тие мора да бидат многу потранспарентни кон јавноста, а особено кон нив.
Популарните „ЦПБ“ упатија три прашања до управата на Работнички. Тие сакаат да знаат дали генералниот спонзор се повлекува од клубот, а прашаа и за финансискиот дел договорен со оваа компанија.
„ГНЕВОТ Е НАСЕКАДЕ!
Кој дојде ќе се слика, ќе продава магла и од сето тоа само РАБОТНИЧКИ страда.Премногу прашања се поставуваат ама некој не може или не сака на истите да одговори.
Одговорете на следните прашања:
- Дали е точно дека генералниот спонзор се повлекол од договорот со КК Работнички ?
- Дали е точно дека наместо 400.000 евра (според договорот) за оваа сезона и 500.000 евра за идната сезона е потпишан некаков си АНЕКС (јавно објавете го исто како што беа објавени делови од договорот) на смешна сума во однос на тоа што следуваше?
- Дали е точно дека средствата наменети за КК Работнички завршија и ќе завршат во други клубови и федерации?
Дали е точно дека имате неподмирени рати за минатата сезона и кога истите ќе ги исплатите?“, напишаа ЦПБ.
Работнички ова лето го смени практично целиот тим, а на стартот на сезоната загуби од Сутјеска во АБА2 лигата.