• Саше Љолес
Кошаркарите на Цибона добиваат нов тренер и до крајот на сезоната ќе бидат предводени од Дино Репеша, јавуваат регионалните медиуми. Синот на славниот Јасмин Репеша доаѓа во загрепскиот гигант и ќе го замени Бариша Красиќ, коj досега ја извршуваше функцијата на главен тренер.
Красиќ најверојатно ќе го води тимот уште на следните два меча против Сплит и Задар, а Репеша ќе седне на клупата веднаш по новогодишните празници. Младиот стратег во минатото беше кормилар на Пардубице од Чешка, а работеше и како помошник во Цедевита.
Цибона се наоѓа во прилично незавидна позиција во АБА лигата и досега забележа само три победи на вкупно десет одиграни натпревари.