Синот на Петар Наумоски направи трансфер во Србија

Адриан Наумоски, синот на македонската кошаркарска легенда Петар Наумоски, направи трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Србија.

Наумоски, кој е роден во 2001 година, потпиша договор со Напредак од Алексинац. Бекот е висок 196 сантиметри, а минатата сезона ја мина во редовите на КК Вардар, каде одигра пет натпревари во Првата лига.

Напредак Алексинац е тим кој обезбеди прволигашки статус во српската кошарка.

Во ланската сезона екипата заврши на второто место во Втората лига на Србија, со скор 21-5, исто колку и лидерот Колубара. Двете екипи обезбедија место во погорен ранг.