Синот на НБА легендата Џон Стоктон пред потпис со Цедевита!

Како што откриваат хрватските медиуми кошаркарскиот тим на Цедевита од наредната сезона ќе добие големо засилување од НБА лигата. 

Дејвид Стоктон, син на легендарниот плејмејкер на Јута Џез и НБА лигата, Џон Стоктон, е кошаркарот за кој Цедевита е сериозно заинтересирана. 

25-годишниот Стоктон игра на позицијата плејмејкер, а оваа сезона го носеше дресот на Сакраменто Кингс.