Симултанка на Милс и Инглс, „кенгурите“ очекувано до втора рунда

Кошаркарската репрезентација на Австралија е нов учесник во втората фаза на Светското првенство (СП) во кошарка кое се игра во Кина.

„Кенгурите“ во вториот меч од групната фаза го совладаа Сенегал (81-68), кој даваше отпор едно полувреме, но потоа падна на искуство. Главната разлика Австралијците ја направија во третиот квартал, кој го добија со седум поени разлика.

Додека се кршеше резултатот, главна фигура на теренот беше Пети Милс, кој даваше поени, а поддршка му беше Инглс, кој беше главен под обрачите во дефанзивата и делеше асистенции до соиграчите. 

  • Извештај од натпреварот: 

Милс во дресот на Австралија заврши со 22 поени, а го следеше Инглс кој флертуваше со „трипл-дабл“. Кошаркарот на Јута даде 17 поени, а имаше 10 дефанзивни скока и 9 асистенции. Кај Сенегал, Далмеида даде 14 поени, додека Ндур и Ндоје завршија со по 13 поени. 

Австралија во последното коло од групната фаза ќе игра со Литванија, во борба за првото место во групата.