ВИДЕО: Симултанка на Дончиќ, Далас со пресврт го „тресна“ Портланд

Кошаркарите на Далас Маверикс забележаа значајна победа против Портланд Треил Блејзерс со 102-101, во дуел со голем пресврт во последниот период, кој „дивите телиња“ го добија со 24-9. Со феноменално шутерско шоу и нови инвидуални детали на Лука Дончиќ, Далас ги развесели своите фанови.

На една и пол минута до крајот на натпреварот, Далас го презеде водството и го зададе завршниот удар. Дончиќ при 99-99 постигна два поени и го погоди дополнителното слободно фрлање, што значеше најава за победата. Лилард на две секунди до крајот го промаши шутот за победа на гостите. 

Дончиќ натпреварот го заврши со 28 поени, девет скокови и шест асистенции. Словенецот го следеше Тим Хардавеј со 24 и Двајт Пауел со 13 поени. Дамјан Лилард со 30 и Јусуф Нуркиќ со 18 поени беа најистакнати поединци кај поразениот Портланд.