Симонс отиде „под нож“ со цел да ги санира проблемите со грбот

Иако се очекуваше Бен Симонс конечно да дебитира во Бруклин, тоа не се случи во серијата со Бостон во првата нокаут рунда во НБА лигата. Австралиецот не беше доволно спремен, па поради тоа не доби шанса да заигра за новиот тим по трејдот од Филаделфија во февруари.

Симонс сега ќе мора да оди на операција на грбот, со што се надева дека ќе стави крај на проблемите со повредите. Кошаркарот поради константни болки во грбот пропушти многу натпревари, а сега се реши да ја санира ситуацијата. 

Според најавите, Симонс веќе е опериран и го чека интензивен процес на заздравување. Се очекува ѕвездата да се врати во составот на Бруклин за време на тренинг кампот во пресрет на следната сезона.