Симонс ќе игра за Австралија на СП во Кина

Симонс

Ѕвездата на Филаделфија 76ерс, Бен Симонс, ја информираше јавноста дека ќе го носи дресот на Австралија на Светското првенство во Кина.

Плејмејкерот има само 22 години и ќе биде големо засилување за „кенгурите“. Неговата екипа доживеа тежок пораз во седмиот натпревар во полуфиналето на Истокот против Торонто. Тоа значеше крај на сите надежи за шампионски трофеј во Пенсилванија.

Австралиската репрезентација на Мундијалот ќе игра во група заедно со Канада, Сенегал и Литванија. 

Мундибаскетот е закажан за периодот од 31 август до 15 септември. Титулата ќе ја брани ѕвездениот тим на САД.