Симоновски замина од Македонија, кариерата ќе ја продолжи во Иран

Македонскиот кошаркар, Марко Симоновски својата кариера ќе ја продолжи во Иран и ќе заигра за екипата Кузестан. 

32-годишникот кој од 2020 година настапуваше во таборот на Кожув, се реши за трансфер надвор од Македонија првпат по 12 години. Иако имаше понуди да остане во земјава, Симоновски беше примамен со одлична финансиска понуда од иранскиот тим. 

Во својата кариера Симоновски играше за Вардар, Работнички, Фени Индустри, МЗТ Скопје, Куманово и Кожуф, додека единствениот странски ангажман му беше во австриска Аркадиа во 2010 година. Симоновски од 2007 година е член на репрезентацијата на Македонија, но во последно време не добива голема минутажа.

Сега, Симоновски ќе се натпреварува во Суперлигата на Иран и ќе ги брани боите на Кузестан. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк