Симоновски се враќа во стројот на МЗТ, Соколов ќе ја скокне и Игокеа

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје е во исчекување на наредниот дуел во регионалната АБА-лига против Игокеа, а тренерот Жељко Лукајиќ никако да крене глава од проблемите кои ги има поради повреди.

Барем малку грижите ги намалува Марко Симоновски, кој се врати во тренажен процес и ќе биде во комбинација за настап на наредниот АБА-лигашки дуел каде МЗТ мора да победи ако сака да остане во игра за опстанок. На спротивната страна, пак, надвор од терените останува Дарко Соколов кој уште има повреда на коленото.

Натпреварот меѓу МЗТ и Игокеа се игра утревечер од 17.00 часот. На првиот дуел одигран во Лакташи, македонскиот шампион со одличен шутерски ден успеа да го изненади домаќинот.