Симиќ и Чековски со поддршка од Работнички, финансиите се средуваат

Екипата на Работнички нема да менува, затоа што управата им даде доверба на актуелните предводници и понатаму да го водат проектот.

На чело на најтрофејниот остануваат тренерот Тони Симиќ и неговиот соработник Ѓорѓи Чековски. Двајцата ќе продолжат и понатаму да раководат со екипата, а истовремено се најавени и подобри денови.

Од КК Работнички велат дека имајќи ги предвид тековните активности со формирањето на комисиите во новиот Совет на Општина Центар и смената на општинските раководства, сите тековни проблеми, особено оние поврзани со неисплатените плати на играчите, наскоро ќе бидат надминати.

Работнички се наоѓа на петтото место во Првата лига со скор 7-5 по 12 одиграни натпревари.