Симиќ: Единствено што ме загрижува е нашата скок-игра...

Симиќ

Младите кошаркари предводени од Тони Симиќ со убедливо издание против Луксембург го отворија Челенцџер турнирот во Шопрон.

Македонскиот селектор е задоволен од изданието на своите играчи, особено во вториот дел од првиот натпревар.

„Мислам дека игравме и премногу во некој грч, евидентиран во тоа прво, лошо, полувреме. Сепак, треба да се земе предвид дека четворица кошаркари во овој тим имаат некое поголемо искуство на играње на вакви, европски натпревари. Не сакам да се навраќам дека уште четворица не се тука со нас. Но, реков, оние кои сум ги одбрал се тука, ќе играат, со максимум од своите можности. Уште денеска очекувам да изгледаме многу подобро“.

Денес Македонија ќе се сретне со Романија, а ова се очекувањата од овој дуел на Симиќ:

„Романците загубија убедливо од Швајцарија, гледавме само две четвртини од тој натпревар. Резултатот не смее да нè залаже. Факт е дека Швајцарија е одлична екипа. Романската селекција е доста физички посилна од нас. 

Тука ќе биде нашиот најголем проблем на овој турнир. Ме загрижува скок-играта. Во овие први 40 минути на противникот му дозволивме да нè натскока, и тоа убедливо. Мора многу подобро да го затвораме нашиот рекет. Да се обидеме да „фатиме“ и некој офанзивен скок. Романците се физички посилни, ќе мора да ги удвојуваме во рекетот, и да ги спречиме нивните „втрчувања“ кои доста често ги користат за поентирање. Ако тука бидеме добри, мислам дека можеме да стигнеме до нов успех“.

Натпреварот на У20 репрезентацијата против Романија започнува во 16:30 часот, а може да го следите на овој ЛИНК.