Тео Симиќ е најмладиот во ростерот: Нема предавање дури и со Шпанија

Теодор Симиќ важи за кошаркарска иднина на Македонија. Центарот на Барселона ќе биде дел од ростерот на Бајиќ за дуелот со Шпанија и ќе биде еден од ретките високи играчи во составот во мечот со „фуријата“.

Најмладиот кошаркар во актуелниот ростер кој ги брани боите на Барселона истакна дека овој национален тим нема да се предаде и покрај сите препреки со кои се соочува и отсуствата на важни играчи.

„Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање“, изјави Симиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок со почеток од 19:30 часот. Ова ќе биде прва